Новиот градоначалник на Општина Виница – Миле Петков, денес ја презеде градоначалничката функција од досегашниот градоначалник Ивица Димитров.
Официјалното примопредавање на функцијата и средбата помеѓу Петков и Димитров се одржа во кабинетот на градоначалникот во Општина Виница.
Димитров неговиот наследник Петков го запозна со работата на Општината, тековните активности и проекти кои треба да започнат до крајот на годината.
Тој на неговиот наследник му порача дека виничани очекуваат да се продолжи со изградбата на градот, за тој да биде модерна и урбана средина.
Новиот градоначалник – Миле Петков истакна дека ќе продолжи со реализација на успешни проекти во Општина Виница и ќе разменува искуства.
„Општината ќе биде сервис на жителите. Секој кој има било каква потреба или услуга од Општина Виница, ќе биде навремено и правилно услужен. Досегашниот градоначалник ме запозна со тековните активности на Општината, започнатите проекти но и новите кои за скоро треба да започнат. Во скоро време ќе започнеме да ги реализираме и проектите кои беа на страниците на мојата изборна програма“ – истакна новиот градоначалник, Миле Петков.