Статистички гледано најчести предизвикувачи на пожар во домовите се електричните инсталации, греалките, оџаците и плинските боци.
Чест предизвикувач на пожар се несоодветните или нестручно составени продолжни кабли. На истите често се поврзуваат големи потрошувачи, како греалки и машини за домаќинство. Како резултат на тоа, продолжните кабли се загреваат и можат да се запалат и да предизвикаат сериозен пожар. Секогаш греалките уклучувајте ги директно во електричниот штекер на ѕидот советуваат од Противпожарната Бригада.