Во Скопје секојдневно влегуваат по околу 30.000 возила од истиочниот и западниот влез, изјави Иван Велковски раководител на секторот сообраќај во ЈП „Улици и патишта“ за „Утрински брифинг“.
Центарот за управување и контрола на сообраќајот во Скопје е тој што врши мониторинг на 92 семафори во главниот град и при тоа го регулира метежот.
– Од источниот и западниот влез на Скопје секојдневно влегуваат и излегуваат околу 30.000 возила, додека во Големиот ринг на градот секојдневно транзитираат околу 100.000 возила. Метежот секое утро е по булеварите „Александар Македонски“ и „Гоце Делчев“, улица „Борис Трајковски“, и околу Транспортниот центар. Ние од тука правиме се што можеме за да се намали метежот, но за да нема нервозни возачи, им препорачувам на граѓаните да излегуваат порано од домовите ако сакаат да стигнат на време на работа, вели Велевски.