Вкупно 623 нови контејнери за отпад идната недела треба да бидат поставени на улиците низ Штип.
Новите контејнери како што информираше директорот на ЈП Исар, се донирани преку Министерството за животна средина и Министерството за финансии.
-Се надевам дека веќе следната недела ќе ги поставиме, а нашите граѓани ќе имаат можност да ги користат и да внимаваат каде ќе го фрлаат ѓубрето, рече Коцев.
ЈП Исар инаку на почетокот на годинава го обнови и својот возен парк со шест возила за собирање на отпад, а тогаш беа обезбедени и по 30 контејнери за селекција на стаклен и пластичен отпад.