Во салата на Советот на општина Струмица во домот на АРМ се одржа Отворен ден со новите членови на Советот, кој е дел од програмските активности на Центарот на заедницата на општина Струмица во рамки на проектот „Институционална поддршка за 2017 година“, а финансиски овозможен од Фондација Отворено општество – Македонија.
Целта на настанот беше да се доближи работата на Советот и комисиите при Советот до граѓаните и да се овозможи граѓаните да се вклучат со свои предлози, во носењето одлуки на локалната самоуправа.
Претседателот на Советот на Општина Струмица, Марјан Даскаловски ги објасни надлежностите на Советот, а исто така ги претстави и новоизбраните претседатели и членови на одделните комисии формирани во рамките на Советот.
Граѓаните дискутираа и разговараа со членовите на Советот за актуелните проблеми во градот и населените места и можностите за нивно решавање.