По цели 50 години Крива Паланка доби нов градски плоштад, инвестиција вредна 785.000 евра. Средствата се употребени за целосна реконструкција на плоштадот, при тоа, со зачувување на автентичните обележја, направено е партерно уредување, изграден е мал амфитеатар, а заменета е комуналната инфраструктура. Употребена е старата коцка а зачувувана е градската фонтана. Денеска пред кривпаланчани и нивните гости беше претставен резултатот од проектот „Крива Паланка-Источна порта кон Европа – Фестивалска туристичка дестинација“, којшто како што рече градончалникот Борјанчо Мицевски, само ја потврди визијата за модерен град, која се’ повеќе станува реалност.
-Сите ние остануваме посветени градот на двете реки, на заштитникот Јоаким Осоговски да биде гордоста на секој граѓанин, да остане во срцето и душата на секој кривопаланчанин. Крива Паланка е град со големо минато, култура и традиција, централна точка на Коридорот 8. Генерации луѓе во изминатите векови, давале печат на градот под Осоговието. Чаршијата, занаетите, трговијата, приказните и преданијата, легендите…сведочат за тоа со колку љубов го граделе и се вложувале во него.
Историјата на Крива Паланка не’ чини горди, истовремено не’ обврзува да продолжиме во континуитет и на идните генерации да им оставиме град достоинствен за живот. Искрено се надевам дека овој објект ќе остане да сведочи низ вековите за нашето минато и историја и нашата сегашност и иднина и да биде мост зана соработка со нашите соседи и источна порта кон нашите европски пријатели, рече Мицевски, рече градоначалникот Мицевски, кој обраќањето на свеченоста го заврши со мислата: Раководењето на општината не претставува пронаоѓање на пат кон личен успех, туку пат кој води кон позитивни промени, европски дух и развој, силна верба и визија за подобар живот и пат кон соверемена и модерна Крива Паланка.
Проектот е финансиран од ИПА2 програма на ЕУ, кофинансиран во Владата и Општина Крива Паланка, администриран преку програмата ЛРЦП. Во вкупниот износ, Општината учествуваше со 6,6 милиони денари. Вицепремиерот Фатмир Битиќи, во чиј ресор спаѓа финансисрањето на сите 57 потпроекти, во кој спаѓа и тој на Крива Паланка го сподели историјатот на одобрувањето на фаинсисрањето на оваа проектна идеја.
Битиќи најави дека во Крива Паланка ќе бидат финанинсирани уште 3 проекти од ТАВ програмата со цел создавање нау ште подобри услови на граѓаните.
-Во Крива Паланка ќе бидат реализирани уште три одобрени проекти, кои се финансирани со средствата од Владата, од таканаречената ТАВ Програма, со вкупен буџет од 29,6 милиони денари, или околу 480 илјади евра, а истите вклучуваат реконструкција и изградба на локални патишта во рамките на општината, со што значително ќе се подобри инфраструктурата на истата, рече Битиќи.
Вицепремиерот за економски прашања ја истакна мерка воведена од оваа влада, со која се поттикнува рамномерен економски развој за сите инвестиции што се надвор од Скопје. Конкретно за инвестициите што ќе се реализират во Северо-источниот регион, се одвојува за 60% поголема економска поддршка.
-Така си се сака државата, рече Битиќи.
Никогаш до сега, во овие 50 години, Владата, централниот буџет, не вложиле во овој регион како сега, рече на свеченоста вицепремиерот Љупчо Николовски, кому Крива Паланка му е роден град.
-Овој плоштад му дава европски лик на градот и ќе биде место каде што не само жителите на Крива Паланка, туку и домашните и странските посетители ќе имаат можност да го посетат и да уживаат. Ова говори за одговорноста и оправданоста на сите коишто се заложија за овој историски проект за Крива Паланка. Ова е само еден од многуте проекти, што ги реализиравме и се гордост за градот, за жителите, проекти кои се значајни заради унапредување на културниот развој и социјалниот живот.После 40 години се рехабилитира регионалниот пат Крива Паланка кон Огут којшто завршува овие денови и од Крива Паланка до Луке. Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Ранковце – Крива Паланка во должина од 21 километар и тоа беше првиот проект на којшто се фокусиравме. Завршен е уште еден, еден од најлошите патиштата тоа е Узем-Тораница. Во полна пареа е изградбата на експресниот пат едната делница од Крива Паланка до Ранковце, и во финална фаза е и другиот лот од изградбата. Се гради интензивно и третата лента од патот Крива Паланка до Деве Баир, а непречено се одвива и реконструкцијата на магистралниот пат Куманово – Страцин, рече Николовски.
Вицепремиерот потсети на долгогодишните критики за лошиот пат кон кон Деве Баир, кој го нарече срам за државата, што сега почна да се реконструира со инвестиција вредна 12 милиони евра. Николовски му се заблогодари за залагањето на градоначалникот Борјанчо Мицевски, на ЕУ и на неговите колеги во владата Фатмир Битики, и како што рече за особената поддршка од другарот Оливер Спасовски, „бидејќи заедно се бориме за овој крај“.