Учениците од СОУ „Ѓорче Петров’ од Крива Паланка новата учебна година ќе ја дочекаат во целосно обвновено училиште. Пандемиската година со наставата од дома беше искористена за реновирање во училиштата, додека спортското игралиште доби мека – тартан подлога и нови реквизити. Директорката Габриела Стаменковска вели дека вложените 7,5 милиони денари се за спортското игралиште, додека дополнителни 7 милиони се во функција за обезбедување на услови за новите насоки кои се отворени за претстојната училишна година.
-Богато вложивме во внатрешните простории на училиштетото, се реновираа и канцелариите. Понатаму, пред зградата до игралиштето, имаме четири училници, кои ги адаптираме. Две од нив за угостителски техничар, коешто ни е нешто ново и произлегува од пазарот на труд, потребите на учениците и исто така за струката медицинска сестра, за која, исто така има потреба од простор за изведување на практичната настава, која секако ќе се изведува и во Медицинскиот центар „д-р Димитар Арсов“. Средствата коишто се вложуваат се наши, вкупно уште седум милиони денари за тоа издвоени средства и за училниците, и за реконструкција на фасадата да биде со термоизолација, изјави директорката Стаменковска, според која овие вложувања го оправдуваат признанието за најбезбедно училиште во државата, кое две години по ред до добиваат.
Во гимназијата, како единствено средно училиште, учат 550 ученици.
Последната годиниа во Крива Паланка интензивно се разботеше на реконструкција на спортските објекти и создавање на простор за младите. Обновена е и салата за физичко во ООУ „Илинден“,каде иако училиште е градено во 1970-тите години на минатиот век, салата дури сега е реконструирана. Младите остануваат приоритет, вели градоначалникот Борјанчо Мицевски, кој потсетувајќи дека покрај Струмица, единствено во Крива Паланка работи Европска куќа на младите.
-Во којашто младите таленти ја изразуваат својата креативност и своите способности и секојдневно се организираат некакви активности, коишто се од нивен интерес. Во исто време, тоа е линк со нивните генерации или врсници од останатите европски држави. На почетокот на мојот мандат беше донесена Стратегија за развој на младите и спортот и е формиран активен Младински совет, којшто е функционален и секојдневно креира определн број на активности.
Непосредно поврзано со младите и спортските активности, можеме да се пофалиме дека Крива Паланка го имаше женскиот кошаркарски клуб, кој што играше во финалето на Кошаркарскиот куп на Македонија и е меѓу четирите најдобри во државата. Тоа е како последица на сето она што го правиме и е стратешки пристап, но во исто време и една новина која што беше воведена, а тоа е доделувањето на спортски стипендии. Имено, на систе истакнати спортски поединци или клубови во текот на годината, доделуваме месечни стипендии, кои се определ стипмул, а спортот не би можел да се развива ако не инвестираме во тие спортски објекти. Јас сум горд на тоа што во изминатите тро до четири години веќе имаме над десетина објекти, коишто се од ваков тип, рече градоначалникот Мицевски.
Кошарката е особено атрактивна за тренирање кај младите, но не помалку и одбојката, ракометот, пинг понг и стрелаштвото. Во Крива Паланка на располагање на младите скејтери е современ скејт парк, а како куриозитет, има изградено мини голф терен, донација на соседна Бугарија.