Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, е избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион. Изборот се изврши вчера на првата конститутивна седница на која беше утврден и составот на Советот, односно, беа верифицирани мандатите на членовите, кои беа запознати и со политиката за рамномерен регионален развој и аплицирање за регионални проекти како и со активностите на Советот и Центарот за развој на југоисточниот плански регион во наредниот период.
Претседателот Јаневски се заблагодари за укажаната доверба и истакна дека во наредниот период овој Совет ќе продолжи со реализација на проекти кои ќе овозможат рамномерен квалитетен живот за сите граѓани и во градските и руралните средини.