Општина Карпош во духот на солидарноста ќе испрати хуманитарна помош за Мексико, државата која деновиве се соочи со силен земјотрес којшто однесе голем број човечки жртви и причини огромна материјална штета.
Цели населби во Карпош постземјотресно се подигнати токму со солидарност на многу држави од целиот свет, меѓу кои и Мексико. Една улица во Карпош, во знак на почит и благодарност за пружената помош, пред повеќе од пет децении го носеше името името Мексичка е сега е Петре Пирузе – Mајски.
Оттаму, во вакви исклучителни моменти, локалната самоуправа сочувствува со граѓаните на Мексико и има морална обврска да возврати за солидарноста на оваа пријателска земја.