Врз основа на Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите во Општина Куманово за 2016 година („Службен гласник на Општина Куманово” бр. 02/16 и 04/16) и Записникот од состанокот на Комисијата за избор на најдобра фотографија со мотиви од Куманово бр. 03-4250/2 од 15.05.2017, Општина Kуманово по втор пат објавува конкурс за најдобра фотографија со мотиви од Куманово – „Мое Куманово”.
Општина Куманово ги поканува сите заинтересирани професионалци и аматери да се пријават со свои авторски фотографии согласно утврдените критериуми.
Kритериумите за учество се следни:
Мотивите на фотографиите да бидат од Општина Куманово (панорамски фотографии, ноќна фотографија од Куманово, знаменитости, занаетчиство, инфраструктура, јавни објекти, манифестации, спортски и културни настани итн). Ќе се оценуваат фотографии снимени само на територија на Општина Куманово;
Фотографиите да се достават во дигитална форма, на ЦД, да бидат со димензија 1920 х 1080 pixels на 300 dpi и да содржат наслов на фотографија. Фотографиите не треба да бидат потпишани (“watermark”, “signature”) или на кој било начин означени со име или идентификација на авторот.
Еден автор може да достави и повеќе од една фотографија;
Со доставувањето на фотографиите авторот потврдува:
дека фотографијата е негово авторско дело и
дека се согласува фотографиите да се користат за интерни потреби на Општина Куманово со задолжителна референца на авторот. Општина Куманово не подлежи на никаква финансиска или друг вид компензација за печатење или јавно прикажување на фотографиите;
На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија (прво, второ и трето место) според оценките на Kомисијата за избор на најдобра фотографија.
Наградниот фонд е следен:
награда за прво место 15.000 денари,
награда за второ место 10.000 денари и
награда за трето место 5.000 денари.
Фотографиите треба да се достават во затворен плик, најдоцна до 5 Јуни 2017, 15:00h, на адреса: Општина Куманово, 11 Октомври бб, со назнака “Конкурс за избор на најдобра фотографија –Мое Куманово” со назнака во горниот лев агол- “НЕ ОТВАРАЈ”. Во посебен плик приложен со трудот со назнака “АВТОР”, се доставува пријава со податоците за авторот. Пријавата за учество на конкурсот може да се симне од веб страната на Општина Куманово kumanovo.gov.mk, или да се подигне лично во Архивата на Општина Куманово;
По завршувањето на рокот за пријавување, Комисијата за избор на најдобра фотографија ќе ги разгледа сите пристигнати фотографии и ќе одбере 30 најдобри кои ќе бидат изложени;
Комисијата го задржува правото да не додели една или сите награди, доколку заклучи дека фотографиите не ги задоволуваат критериумите;
Доколку на конкурсот не се пријават доволно кандидати, конкурсот ќе се смета за поништен и постапката за избор на фотографија на општина Куманово ќе се повтори;
Пријавите за Конкурсот кои нема да бидат доставени во наведениот рок и согласно наведените критериуми нема да бидат разгледувани.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на телефон 031-414-375 (локал 118 или 119), секој работен ден од 08:00 – 16:00 часот или во просториите на Општина Куманово на ул. Братсво и Единство бр.20 (зграда на поранешен Козјак) прв кат, канцеларија 8 и 9 (Одделение за стратешко планирање и ЛЕР).