Членовите на Атлетски клуб Куманово, по освојување на Сениорскиот државен куп денеска беа на свечен прием кај првиот човек на градот, Зоран Дамјановски кој им ги честиташе постигнатите успеси и најави дека во скоро време може да очекуваат поголема финансиска помош од Сојузот на спортови од 150.000 до 200.000 денари.
„Во меѓувреме се договаравме со секретарот на сојузот на спортови мене ми е жал што претседателот на сојзуот не е тука отсутен е службено но тука сме секретарот на општината и се бориме на некој начин симболично од буџетот од резервата на сојузот да ве наградиме за вашиот успех, како што направивме и со женскиот одбојкарски клуб кој освои двојна круна, ќе ве подржиме парично во наредниот период со некои средства кои мислим дека ќе бидат во вистина од 150 до 200.000 денари како што се договоривме колку ни е можноста меѓутоа во тој габарит на средства ќе бидете подржани од нас на некој начин да ви ги подобриме услови за работа, за реквизити, опрема и слично за подобро да се подготвувате и да освоите некоја балканска, европска, светска титула, тоа ќе биде голем придонес за промовирање на Куманово “, рече Дамјановски.