Локален совет за превенција е формиран за прв пат во општина Конче.На промоцијата на Советот, присуствуваше и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Со формираниот Совет,жителите на општина Конче, ќе можат дирекно да се вклучат во решавањето на проблемите,битни за безбедноста, смета градоначалникот на Конче, Благој Илиев.
-Жителите на општина Конче па и во регионот со Локалниот совет за превенција, ќе можат дирекно заедно со Локалната власт и Полицијата ,да учествуваат во креирањето на заедничката соработка во решавањето на проблемите на кои што наидуваат при спроведувањето на своите секојдневни активности. Се надевам дека ќе имаме одлична соработка.-вели Илиев
Со формирањето на Локалните совети за превенција и во помалите, руралните средини,сакаме да пратиме порака дека сите општини се подеднакво важни, рече Министерот за внатрешни работи на промоцијата.
,,Тоа е една од клучните алатки кои што Министерството сака да ги возобнови,за да ја вратиме таа алка помеѓу граѓаните и македонската Полиција.Ако сакаме да имаме доверба кај граѓаните,ние мораме да соработуваме а еден добар дел од зголемувањето на безбедноста секаде во Р.М ќе значи и превенција.Токму заради тоа многу е важно да НВО,граѓаните и верските заедници се влучат сите заедно во детектирањето на проблемите како и изнаоѓање решенија превентивно пред да се појави било каков проблем-вели Спасовски
Локалниот совет за превенција е концепт на партнерство меѓу Полицијата и заедницата и тој најмногу зависи од самата локална култура.Сите земји кои што имплементираат вакви програми се соочуваат со одредени проблеми,посочи во презентацијата портпаролката на СВР Струмица ,Хризантема Рендевска.
,,Тоа е долготраен процес кој бара прилагодување,бара флексибилност,бара взаемна доверба помеѓу Полицијата, локалната власт и граѓаните,размена на информации, нов стил на менаџирање во Полицијата,идентификација на проблемите,дијагноза, стратегија,акциони планови и сл.Акцентот е ставен на новата улога на општините и најмногу на градоначалниците кои што не можат да раководат со општините без поддршка и координација на Локалната самоуправа,односно на дражавните тела и на граѓаните,,посочи Рендевска.
Локалниот совет за превенција се формира со одлука на Советот на општината и со него заседава градоначалникот.