Заврши двегодишниот проект,,Заштита на населението од Карбинци и Струмјани и превенција од поплави”
Регулирани корита на Козјачка река во должина од 256 метри во општина Карбинци и 340 метри на река Шашка во должина од 340 метри во општина Струмјани ,Р.Бугарија е крајниот епилог од двегодишниот проект што од фондовите на Европската унија го добија овие две општини.
На презентирањето на ефектите што се одржа во општина Карбинци со што и официјално беше ставен крај на овој проект,присуствуваше министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и градоначалниците на Карбинци, Јордан Насев и на Струмјани, Емил Илиев.
Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев истакна дека со реализацијата на проектот веќе е заштитено населението на селото Карбинци од поплави. Потсети дека во 2015 година штетите од поплавите беа големи како на домаќинствата, стопанството, така и на земјоделските површини.
-Изградивме 256 метри заштини ѕидови во коритото на река Козјачка во село Карбинци. Со ова осигуривме дека слични штети за граѓаните на општината нема да се случат во иднина,смета Насев.
Ефектите од користењето на европските пари ,за неговата општина биле големи,тврди градоначалникот на општина Струмјани.Не само со општина Карбинци,тие соработувале успешно и со други македонски општини.Со овој проект не само што ги заштитиле речните корита од поплави, туку обучиле и 30 лица од институциите и здруженијата од областа на кризниот менаџмент.
,,За општина Струмјани овој проект беше од огромно значење,за заштита на жителите од штетите ,како тие што се случија пред околу 12 години .Од вкупната сума, нашиот буџет беше 179.000 евра за корекција и изградба на потпорни ѕидови на река Шашка. Нашите жители се задоволни од проектот и ја поздравуваат соработката помеѓу Бугарија и Македонија”изјави Илиев.
Министерот Фазлиу истакна дека овој проект е значаен и за двете општини и упати апел, општините да ги користат европските пари кои им се дадени на располагање а особено во услови кога имаат проблеми со финансиите.
,, Сакам да потенцирам дека е и многу важна поддршката од страна на Министерството за локална самоуправа со кофинансирање од 15 %, кое дава една инекција на општините, за да можат што побрзо и корисно ги имплементираат овие проекти. Се надевам дека ова е многу добра порака колку е значајна соработката со нашите партнери, со нашите соседи Бугарија и Грција,рече Фазлиу.
Вкупниот буџет на проектот е 379.150 евра, а е финансиран преку Програмата за меѓугранична соработка Македонија-Бугарија.