Во новиот Неделен Бриф на Канал 77, пренесуваме што се случуваше во македонските општини изминатава седмица и ги најавуваме претстојните активности.
Македонска Каменица доби „Дневен центар за лица со посебни потреби“.
Штип ќе добие нова детска градинка.
Општина Куманово ангажираше 20 лица, кои ќе работат со лицата со попреченост во дневните центри и со стари и изнемоштени лица во домашни услови.
Виница беше домаќин на 33-тото издание на МФФ „Истибањско Здравоживо“.
Во пресрет на 2019 година кога се одбележуваат 500 години од постоење на Куманово, се организира културно – уметничка програма насловена по четирите годишни времиња.