Професорката по хармоника, Светлана Трајковска ќе го замени местото на Ивана Андоновска Свилар на позицијата директор во основното музичко училиште „Панче Пешев“ во Куманово.
Смената доаѓа по завршување на мандатот на досегашнито директор, а Трајковска била единствениот кандидат пријавен на конкурсот од Секторот за образование при Општина Куманово.
Во музичкото училиште „Панче Пешев“ моментално околу 50 ученици Албанци настава следат на македонски јазик.