Заврши 13. издание на манифестацијата „Рома труба фест“ која вчеравечер се одржа на градскиот плоштад во Куманово.
Шест дувачки оркестри и гости настапија на утрешното издание на фестивалот на трубата, која традиционално се одржува во организација на Ансамбл на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерството за култура на Република Македонија.
– Задоволен сум од самата организација и самите учесници, за жал морам да кажам дека толку добри учесници ги користиме само за еден ден. Очекувам и се надевам дека наредната година овој фестивал ќе се случува два до три дена, затоа што и самата публика тоа го бара. Градоначалникот кажа дека наредната година 500 години ќе даде поголем придонес и ќе се ангажираме самата манифестација да биде позначајна, изјави Самет Салиевски, претседател на „Рушит Шакир“.
Со дувачките оркестри ќе настапат и Ферус Мустафов, Тони Димитриоски, Стојне Николова и Ристе Ристески, како и оркестрите „Кеми Асанов“, „Кристијан Трајковиќ“, „Исидор Зечировиќ“, „Владимир Ивановиќ“, „Елвис – Дејвид Бајрамовиќ“ и „Мартин Салијевиќ“.
– Потребни се вакви манифестации, како што е „Рома труба фест“ во Куманово, недостасуваат и во другите градови, да има фестивали за труба, оркестри, изјави Ферус Мустафов, уметнички директор на фестивалот.
Фестивалот на лимено-дувачки инструменти имаше ревијален карактер, откако претходно низ градот продефилираа сите учесници.