Општина Пробиштип изврши исплата на 77 граѓани кои поднесоа барање и ги исполнуваат условите за субвенционирање за купен велоспед.
Градоначалникот на општината, Драган Анастасов, вели дека оваа мерка е со цел зачувување на животната средина и намалување на аерозагадувањето.
-Општината одвои 450 илјади денари од сопствениот буџет за оваа намена, а согласно реализираната исплата остануваат околу 20% од средствата за кои граѓаните ќе можат да аплицираат до нивно целосно исцрпување, потенцира Анастасов.
Во насока на зачувување на животната средина, е и повикот за субвенционирање на граѓаните за купување на инвертер клими за 2021 година, со која 100 граѓани по принципот „прв дојден, прв услужен“, ќе добијат субвенции.