Oпштината е меѓу петте избрани од вкупно 18 кои аплицирале да учествува во Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2). Врз основа на критериумите, Општина Гевгелија е избрана да учествува во втората фаза на проектот, за што градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, ќе потпише Меморандум за соработка.
Програмата има за цел да ги зајакнува капацитетите на општините и на граѓанските организации да воспостават долготрајни партнерства и да придонесуваат за подобрено давање услуги и реализација на локланите приоритети.
Претходно, Општината за да аплицира на проектот, Советот на Општина Гевгелија донесе Одлука за кофинансирање на проекти на Граѓански организации во рамките на јавните повици организирани преку Регионалната програма за локална демократија 2 (ReLoaD2), која е продолжение на партнерството помеѓу ЕУ и УНДП. Локалната самоуправа ќе кофинансира проекти од минимум 20% од вкупниот износ на средствата на ГОи што ќе бидат распределени, во максимален износ од 83.500 долари.