Денеска завршува јавниот повик, преку кој, Општина Свети Никола ги повика невработените да се пријават за работен ангажман во времетраење од девет месеци.
Повикот е до невработените лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата „Општо-корисна работа“, преку проектот „ОКО сервис 9“.
Преку овој повик се очекува да се изберат шест негователи и еден воситувач во Детската градинка „Рахилка Гонева“, како и еден неговател во Дневниот центар на лица со посебни потреби во Свети Николе.
Документите се поднесуваат во Агенцијата за вработување.