Кејот 13 Ноември изминатите години ја изгуби функцијата на отворена јавна површина наменета за потребите на граѓаните, односно простор за движење имаше се помалку, а и тој најчесто беше оштетен правејќи го шетањето по него значително отежнато.
„Со реконструкцијата на овој дел, го враќаме кејот на оние на кои тој отсекогаш им припаѓал – на нашите граѓани. Ги повлековме терасите на угостителите, создавајќи далеку поголема слободна површина за движење, на која поставивме патека за лица со инвалидитет, ново високо зеленило, како и нови клупи, корпи за отпадоци, жардинери и канделабри, и најважно од сè – бетонски и електрични столбови кои ќе оневозможат нелегално паркирање“, напиша скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на неговиот Фејсбук профил.