Дивите депонии кои се создаваат во рамките на општина Град Скопје, навремено се локализираат и се работи на нивно расчистување и спречување за повторно создавање на истите. Тие и многу често се палат но и влијаат на загадувањето на воздухот.
Од Град Скопје информираат дека се исчистени повеќедецениски големи диви депонии во Кисела Вода, во Мичурин, во Ново Село, во Визбегово, во Рашче и во дел од Вардариште.
„На местото на расчистените депонии во Мичурин и во Кисела Вода се уредени нови зелени паркови со цел поздрава и поубава животна средина за сите граѓани.
Уште од самиот почеток една од нашите најстратешки заложби беше чисто Скопје, а континуираното расчистување на дивите депонии и нивното уредување во мали зелени оази е уште еден чекор напред кон поубаво, почисто и поздраво Скопје.
Бидејќи нашата цел е да спречиме повторно создавање на диви депонии и да спречиме палење и загадување на амбиентниот воздух, апелирам отпадот да не се фрла на јавните површини, за да се стави крај на создавањето диви депонии во градот и да ја зачуваме животната средина“, напиша на Фејсбук скопскиот градоначалник Петре Шилегов.