Дали и како се реализирани проектите со пари обезбедени од ЕУ фондовите, на увид во Општина Конче беше евроамбасадорот Дејвид Гир. Подобрување на инфраструктурата во прилог на развој на руралниот туризам во оваа општина, беше цел на овој проект, образложи градоначалникот Благој Илиев.
„Овој проект се реализира како потпроект за подобрување на пристапноста околу езерото Мантово. Реконструиран идел изграден нов пат во должина од 6-7 километри од селото Габровци до браната Мантово. Се постави урбана опрема, се постави осветлување на локалитетот Влашки Колиби и се обележаа пешачки патеки кои што се до локацијата Чуката и од Влашки Колиби до езерото Мантово. Подобрениот пристап привлекоа многу локални и регионални туристи од околните градови коишто гравитираат околу Оштина Конче. Тоа го покажува и присуството на луѓето, посебно минатата година во услови на пандемија имавме навистина многу голема посетеност. Многу сум задоволен што веќе почнаа да доаѓаат угостители ко бараат место за да изградат ресторани. Претходно немавме такви иницијативи. Општината веќе има подготвено две маркици за изградба на ресторани, тука покрај езерото Мантово,“ изјави Илиев.
Со поддршка на ваквите проекти , не само што ќе се развива руралниот туризам, туку ќе се даде и поддршка на локалната економија, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир.
„Тука ја поддржавме изградбата на различни типови на активности на отворено. Сега се актуелни пешачките патеки а градоначалникот исто така спомена и вело-фестивал. Значи поддржуваме развој на разни активности, што можат да се вршат на отворено. Пошироките заложби с коишто се трудиме да ја подобриме туристичката понуда, дел од нив се одвиваат преку проекти за прекугранична соработка, сел се преку програмата за развивање и зајакнување на локалната и регионална конкурентност. Во прилог на ова може да се каже дека во моментов се реализираат околу 50 проекти кои се финансираат со околу 18 милиони евра,“ изјави Гир.
Евроамбасадорот вети дека со стабилизирање на времето ќе се потруди повторно да дојде тука и да ужива во пешачењето и убавините на овој еколошки чист, пред се земјоделски регион.