Свети Николе нема рудно богатство, но затоа пак ги има обоновливите извори на енергија, како движечка сила на локалната економија. Недонамна беше промовиран големиот ветерен парк што се очекува да биде поставен кај селото Богословец, инвестиција вредна 61 милион евра. Општината Свети Николе, пак, успеала да наплати 37 милиони денари на име комуналии, што според зборорвите на градоначалникот Сашо Велковски, значи ветер во грб на општината и можност за планирање на нови проекти.
-Кај Амзабегово се поставува најголемата сончева централа од 25 мегавати, што го промовира потенцијалот на Свети Николе, како зона на обновливи извори на енергија, вели Велковски.
Зони на незагадувачка индустрија или Г2, е потенцијалот за развој, смета Велковски. Но, паралелно со овие планови, многу бранувања предизвика проектот за регионалната фабрика за преработка на отпад, што треба да се гради во близина на селото Мечкуевци.
-Кога се запознавме со проектот, кој беше непознаница, излезе дека општината ако се откаже од проектот, треба да плати отштета од 2,5 милиони евра. Со општинскиот Совет одлучивме дека не можеме да се повлечеме. Од ЕУ добивме гаранции дека фабриката ќе се гради по сите стандарди и нема да загадува. Формирано е јавното прептпријатие со седиште во Свети Николе, а комисијата треба да избере директор. Добро е да се искористат предвидените 35 милиони евра, кажа градоначалникот Велковски.
Свети Николе е една од пилот општините, која преку проект на УСАИД работи на зголемување на приходите преку соработка со Катастарот на утврдување на непријавениот имот.
-На ваков начин очекуваме зголемување на приходите за 30-40% од данокот на имот, објаснува Велковски.
Неодмна беа поставени темелите на новата пртивпожарна станица, која се гради со средства од 450.000 евра од Американската амбасада, а од Светска банка обезбедени се средства од 3,5 милиони за изградба на улици. Во следниот период претстои реализација на проектот за изградба на затворен базен, за што веќе има обезбедено пари од општинскиот буџет во висина од 12,5 милиони денари.
Со многу напори, според градоначалникот, обезбедена е комплетната урбанистичка документација, а се работи и на документација за две балон сали за изведување настава по физичко образование во СОУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Даме Груев“ во Ерџелија. Се реконтруираат трибините на Градскиот стадион, додека образовните институции го искористија овој пендемски период реконструирани да ги дочекаат учениците во училниците.
На крајот од овој мандат, пред најавените Локални избори во октомври, градоначалникот на Свети Николе, Велковски, вели дека има сосема различна перцепција за фунцкцијата.
-Перцепцијата за функцијата на градоначалникот ми се смени уште веднаш, кога ја преземав. Ме дочекаат долгови од претходната локална власт, кои мораа да се вратат. Повеќе од една година се потроши додека општината да се стабилизира. Покрај тоа, луѓето доаѓаат со свои барања, очекуваат вработувања. Но, градоначалникот нема магично стапче и тоа да го реши, објаснува Велковски.
Во интервјуто за ММС, градоначалникот Велковски зборува и за перспективата на Свети Николе, кое полека се преориентира од земјоделско – индустриска општина, во база на зелената енергија. Без оглед кој ќе ја води општината во следен мандат, очекува да продолжат започнататите проекти, за Свети Николе да ги искористи сите потенцијали на автопатот и близината на административниот центар Скопје и најавените вложувања во обновливите извори на енергија, кои треба да дадат нов импулс во локалниот економски развој.