Општина Лозово продолжува со активности кои што значат вложување во подобрување на квалитетот на животот во урбаните заедници.
Се градат нови зелени површини, паркови и нови урбани содржини.
„На местото на стариот и ризичен објек(стара пошта) изградивме нов зелен сквер на кој следува поставување на урбана опрема. Општина Лозово забрзано работи во урбанизација на сите населени места и изградба на нови зелени површини, урбани содржини и модерна инфраструктура,“ информираат од локалната самоуправа.