Ново модерно булеварско решение со 6 коловозни ленти, по 3 во една насока, тротоари, велосипедски патеки, зеленило и ново осветлување по должината на цената траса од 1.100 метри, најавува Град Скопје.
Станува збор за булеварот Центан Димов во општина Чаир, за кој булевар почна постапка за јавна набавка за изработка на основниот проект за реконструкција и изградба на булеварот.
Изградбата на овој дел од булеварот Цветан Димов е од исклучителна важност за жителите на општините Чаир и Бутел. Од особена важност е фактот што на овој потег е предвидено да минува втората траса на БРТ системот на брз автобуски превоз која ќе се движи од Бутел до Кисела Вода.
„Од денеска и официјално Градот Скопје во соработка со општина Чаир започнува со нешто за што на многу генерации зад нас им звучело невозможно е започнување на постапка за изградба на булеварот Цветан Димов. Улицата уште од поземјотрешно Скопје и долги години зад анс е со едно вакво сообраќајно решение кое дефакто прави проблеми во нашиот град. Всушност станува булевар кој што очекуваме дека ќе започнеме со градба во текот на наредната година, имајќи во предвид дека денеска започнува тендерот за негово проектирање“, изјави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
Неговите очекувања се дека за две до три години од сега ќе зборуваме за едно сосема поинакво Скопје, за еден сосема поинаков Чаир. Ова значи неформален почеток на изградба на втората траса од БРТ, овде имаме коридор по кој што ќе се движи БНТ по железничката во Бутел.