Податоците за штетите од невремето што го зафати Крушево и крушевско деновиве, жителите ќе треба да ги пријавуваат до Советот на општината. Тоа ќе морат да го направат што е можно побргу, со цел побрза проценка на предизвиканата штета.
„Советот на општина Крушево ги известува граѓаните од населените места чии поседи беа погодени од временските непогоди кои се случија пред неколку дена да достават известување до Советот за да се изврши проценка на штета,“ се вели во соопштението од Советот на општината.
Од тука апелираат, граѓаните да го направат тоа час поскоро во насока на побрза проценка на штета и прогласување на прироодна непогода на пределите каде е нанесена штета.
Граѓаните да ги доставуваат овие известувања во писмена форма до општина Крушево.