На 56-та седница на Советот на општина Струмица, беше констатиран престанок на мандатот на членот на Советот, Борче Хаџиев, поради неговото именување за в.д директор на Фондот за осигурување на депозити.
Според Јосиф Христов, претседател на Советот, советниците дадоа зелено светло и на предлог одлуката за определување места за истакнување изборни плакати за претстојните локални избори, дадоа согласност на барањето за прифаќање на поголем број деца во клоновите на градинката „Детска радост“ и донесоа одлуки со кои им се овозможува на граѓаните да ги легализираат бесправно изградените објекти.