Општина Крушево добива грант од 200 илјади евра за изградба на инфраструктура за гасификација на спортската сала. Овој проект значи дека спортската сала ќе се опреми и ќе биде подготвена за гасификација.
Добивањето на грантот е резултат на успешната имплементација на Проектот за локална и регионална конкурентност во вредност од пола милион евра.
„Носиме гас во спортската сала во Крушево и тоа ќе претставува прва гасификација на спортска сала на Балканот. Благодарност до Владата и Светска Банка за грантот и драго ми е што во најбрз рок започнува со имплементација на терен. Спортската сала прераснува во еден голем проект со иновации и надминати проблеми“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.