Во работна посета на општина Струмица, претстојуваше Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните претпријатија. Притоа, тој оствари средба со вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица Костадин Костадинов, на која беше разговарано за можна соработка на разни проекти, кои ќе имаат за цел, заживување на економијата во општина Струмица, а во функција на подобрување на инвестициската клима за струмичките компании.
По средбата со в.д. градоначалникот Костадинов, Министерот Шапуриќ посети неколку струмички производни компании, за да се запознае одблиску со начинот на кои тие стопанисуваат и со проблемите со кои се соочуваат во нивното секојдневно работење.