Струмица беше домаќин на меѓународниот турнир во женски фудбал со поддршка на Општината, а кој што се одржува во рамките на подготовките на претстојната фудбалска сезона во Струмица. На турнирот учествуваа женските фудбалски клубови Црвена Звезда – Белград и Машинац – Ниш од Република Србија, Елпидес- Кардитса од Република Грција и Тиверија -Струмица од Република Македонија, а натпреварите се играа на игралиштето со вештачка трева.
Учесниците ги поздрави и наградите на најдобрите, им ги врачи вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.