Започна реконструкција на култниот објект во срцето на Скопје, станува збор за Универзалната сала. За реконструкцијата ќе бидат одвоени 120 милиони денари средства од Буџетот на РСМ.
Идејата е Универзална сала да ја сочува постојната форма, на постојната локација. Проектот е поделем на две фази – едната фаза е изработка на фасадата и на куполата, а во втората фаза ќе биде предложено решение за функционалноста на објектот, за сценската технологија и седиштата за да се направи сала што ќе блесне во својот сјај.
„Со гордост можам да најавам дека Универзалната сала конечно се враќа на скопјани во својот препознатлив сјај! – Почнавме со реконструкција на култниот објект кој ќе биде со современ архитектонски изглед, а ќе се гради по сите светски стандарди. Особено важно е задржување на автентичноста на Универзалната сала, по што сите ние ја паметиме. А најважно од сѐ е да го вратиме духот на Скопје и сите оние фестивали и настани таму каде што припаѓаат!“, напиша градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов како објаснување на видеото.