Фестивалот на отворено „Крушево низ корија“ оваа година ќе се одржи на 14-ти и 15-ти август, а како и секоја година општината ќе го поддржи овој настан.
Денеска градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски одржа средба со организаторите на „Крушево низ корија“ на која беше претставена програмата за оваа година и периодот на одржување. Фестивалот содржи тури со велосипед и вечерна забава, а истиот привлекува стотици туристи секоја година.
„Летото полека започнува и настаните се рестартираат. „Крушево низ корија“ ќе се одржи во август и драго ми е што продолжуваме со активностите кои најмногу привлекуваат туристи во нашиот град. Овој фестивал на отворено е уште еден настан кој со години се одржува тука и содржи адреналински активности и вистинско доживување на природата на Крушево.“, изјави градоначалникот Христоски по средбата.