Оваа поддршка и донација беше најавена на средбата која што неделава се одржа во општина Конче.
“На 19.05.2021 година ја остваривме втората средба со Командата на за воено-цивилна соработка на Воените Сили на САД во Европа, Армијата на РСМ и Амбасадата на САД во РСМ. На состанокот добивме информации во врска со вежбата “Одлучен удар -21” кој ќе де реализира на 31-ви Мај 2021 година во полигонот Криволак,“ информираа од Локалната самоуправа.
„Беше потврдена поддршката за општина Конче која е планирана да се реализира во следниот период. Најавена е донација од противпожарни одела и опрема за доброволното противпожарно друштво “Горици Оператива”-Конче и проекти во образованието,“вели градоначалникот на општина Конче, Благој Илиев.