Во центарот за вакцинација во салата „Борис Трајковски“, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, го оствари своето право, но и обврска за вакцинација против Ковид-19.
Шилегов изјави дека само со масовна вакцинација може заедно да се победи оваа болест и ги повика граѓаните да го искористат своето право на вакцинација.
На крајот, срдечно ги поздрави сите прекрасни луѓе од медицинскиот персонал во Центарот.