Зелено Скопје е убаво Скопје – вчеравечер светна зелениот сквер „Острово“ во Аеродром. И покрај тоа што просторот сè уште се уредува, граѓаните веќе почнаа да го посетуваат и уживаат во новото маалско собиралиште.
Деновиве ќе бидат засадени и нови садници и со тоа ќе биде целосно завршен четвриот нов зелен сквер во главниот град.
Под ова мото и во духот на раззеленувањето на Скопје, градот работи континуирано на збогатување со што повеќе зелени површини кои покрај тоа што позитивно ќе се влијаат на животната средина, дополнително ќе станат и омилени дестинации на сите граѓани.
Новиот сквер во Аеродром нуди можности за игра и забава првенствено за најмладите, но и прилика за дружба и релаксација за сите останати.