Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов информираше дека веќе се врши обука на персоналот и се врши технички прием на противпожарната скала, што претставува ново добро во главниот град, како одговор на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој преку Фејсбук му се обрати на скопскиот градоначачник обвинуавјќи дека како партнер на унгарската компанија се јавува истата компанија каде е косопственик зетот на секретарот на град Скопје.
„Додека ти, Христијане ја замараш македонската и скопската јавност со своите лаги и конструкции, ние веќе правиме обука на персоналот и вршиме технички прием на противпожарната скала, новото добро во нашиот град. Прав си. Ти одиш во Будимпешта по инструкции, некој друг по опрема за безбедноста на скопјани!!!“, реагираше градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, откако беше обвинет од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека набавил противпожарна автомеханичка скала вредна нешто повеќе од 1,7 милиони евра, а носител на набавката е унгарска компанија.
Шилегов потенцираше дека Скопје е веќе европски град, со сите европски и стветски стандарди.
„Јас ќе продолжам да се грижам за безбедноста на скопјани…Можеби малку ти е чудно во твоето црнило, но Скопје веќе е европски град, со европски и светски стандарди“, стои во објавата на Шилегов на социјалните мрежи.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го обвини градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов за вчерашниот пожар на Галичник.
Тој во својот статус на Фејсбук вели дека опремата за гаснење пожар била од 20 век во земја кандидат за Европска Унија во 21 век, но благодарение на пожарникарите и армиските волци, пожарот е ставен под конрола.
„ Чудно но вистинито, компанијата каде е косопственик зетот на најблискиот соработник на Петре Шилегов склучува договор со носителот на набавка во вредност од 33.244.500 денари или околу 540.000€ (слика 3). А да…, сигурно штабски без основа ќе демантира град Скопје дека во периодот од 2012 и 2017 истата компанија добила тендери во времето на ВМРО-ДПМНЕ, нешто помалку од 150.000€, (иако не во тоа време, туку денес, снаата е секретар на градот, а компанијата ќе демантира дека има странски капитал од 2017 година и не бил зетот на најблискиот соработник на Петре Шилегов единствен сопственик, но во деновите што следат ќе откриваме се повеќе сомнежи за сторен криминал на Петре Шилегов и ќе гледаме штабско препелкање во обид да се одбранат…, но крајот се ближи, а со крајот и одговорноста следи“, напиша Мицкоски на Фејсбук.