Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов вели дека информацијата дека градот Скопје го враќа ФК Вардар е лажна информација, ова Шилегов го изјави во гостувањето на „урински брифинг“.
Според него, согласно договорот којшто е склучен, Вардар е приватна сопственост на Сергеј Самсоненко, т.е. на ракометниот клуб Вардар, и е купен за 5 милиони денари, со сите акции
„Таму има една можност тој договор да се раскине, ако не се почитува во наредните 10 години. После 10 години не може ни да се раскине. Зборуваме повторно за приватна сопственост“, вели скопскиот градоначалник.
Укажа дека според негови сознанија ФК Вардар има долгови кон трети лица околу 3.5 милиони евра, кои не можат да бидат на товар на Град Скопје.
„Ние во дописот што го добивме, освен декларативно изразена волја, не добивме до сега никаква квалитетна документација која што ќе ни потврди дека тој долг ќе биде подмирен или дека тој долг се гарантира со нешто, со цел да не направиме материјална штета. И ако сега состојбата ја земеме, ние треба да купиме – да вратиме една приватна сопственост – со долг од 3.5 милиони евра, кои што ќе бидат на товар на Град Скопје. При што напоменувам – Вардар е приватна сопственост, не е сопственост на Град Скопје“, изјави Шилегов.