Општина Карбинци обезбеди средства за изградба на канализациска мрежа во село Кучица должина од 1800 метри .
„Вкупната вредност на проектот изнесува 6 милиони денари, од кои 2 милиони денари се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, а останатте средствата за реализација на проектот од околу 4 милион денари се сопствено учество, од Буџетот на општината,“ велат од општината.
Со реализација на овој проект, за жителите во селото Кучица ќе се реши еден огромен проблем и ќе значи подобрување на квалитетот на живот.