Со чинот на засадување на 12.000 садници, Крушево го одбележува денот на планетата Земја. Не изостанаа и пораките, сите заеднички да дадеме придонес и заштита на животната средина.
По засадувањето, кое се случуваше во близина на споменикот Слива, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски со благодарност до сите што се вклучија и го поддржаа овој настан.
„Оваа акција веќе прераснува во традиција. Не е прва година заедно со СЕКЕ и ПСШ Липа да спроведуваме акции за пошумување на неколку локации. Оваа акција всушност значи влог во иднината, значи влог во заштита и обновување на животната страна. Оваа акција, исто така, значи и дека ја продолжуваме соработката со Министерството за локална самоуправа, ЈП Национални шуми и секако ПСШ Липа на дневна основа. “, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Во акцијата на пошумување учествуваа министерот за локална самоуправа Горан Милески, компанија СЕКЕ која донираше садници, опрема за ПСШ Липа, заедно со многу граѓани волонтери.
Раководителот на ПСШ „Липа“ Јанче Јанески изјави дека засадувањето ќе продолжи и утре за да се засадат сите 12 000 садници.