Во Струмица поставени се контејнери наменети само за стаклен отпад. Овие специјализирани контејнери се поставија во заедничка соработка меѓу јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и фирмата одговорна за отпад од пакување „Пакомак“ од Скопје.
Според Бранко Ѓоргиев, раководител на единицата „Чистота“, поставени се 15 контејнери на исто толку локации во близина на ресторани и хотели каде што и се собира најмногу отпад од стакло. Целта на поставувањето на вакви специјализирани контејнери е да се намали отпадот од стакло на депонијата каде што се фрла отпадот од градот и населените места.