Општина Свети Николе во напорите за за привлекување на инвестиции и зголемување на вработеноста на општината, распиша Објава за отуѓување на државно градежно земјиште. Се работи за парцели за лесна и незагадувачка индустрија и мали комерцијални и деловни намени на потегот на индустриска зона Овче Поле.
Наддавањето е по електронски пат Право на учество во јавното наддавање имаат сите домашни и странски физички и правни лица кои ги исполнуваат условите дадени во објавата. Рок на пријавување е 18.05.2021 година.
Повеќе информации можат да се најдат на интернет страната на Општина Свети Николе.