Со средства од општинскиот буџет се асфалтираат крак 2 и крак 3, со вкупна должина од над 400 метри. Увид во работите изврши градоначалникот Горан Трајковски, кој истакна дека капиталните инвестиции остануваат во центар на вниманието, додека интензивно се работи на подобрување на квалитетот на животот во населените места во Делчево.
-Работиме за подобрување на квалитетот на животот на сите жители на нашата Општина, со оваа инвестиција се решава децениски проблем во село Град, така што жителите повеќе нема да газат кал или да живеат во прашина. Моите заложби се да ги решаваме приоритетите на жителите во секое населено место, истакна градоначалникот Трајковски.
Трајковски потенцираше дека капиталните проекти продолжуваат со забрзана динамика, влогот во развој и унапредување на инфраструктурата е влог во услови за подобар живот во секое наше населено место и во оваа насока продолжуваме, рече Трајковски.
Според градоначалникот, градежната сезона и во време на пандемија продолжува со засилен интензитет. Наскоро започнува реализацијата на тендерот за изградба на општински улици, пристапни патеки и тротоари во вредност од околу 9 милиони денари , за што веќе има изработено основни проекти.