Општина Струмица ја одбележа 73-годишнината од убиството на народниот херој Благој Јанков – Мучето пред спомен плочата во големиот градски парк.
Во чест на херојот, членови на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“ изведоа револуционерна поезија, а свежо цвеќе од името на Општината пред спомен плочата во големиот градски парк и пред спомен бистата во малиот парк положија градоначалникот Костадин Костадинов, претседателот на Советот Јосиф Христов и членот на истиот Ацо Ѓоргиев. За животот и делото на херојот, зборуваше вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.