Поради исклучително високите температури, со цел да се намали опасноста од појава на пожари, од Дирекцијата за заштита и спасување(ДСЗ) Куманово, апелираат до граѓаните да бидат внимателни и со своето однесување да не предизвикаат пожар.
-Да не се пали оган во шуми, на отворен простор и на необезбедени места, да не се палат стрништа, да не фрлаат стаклени шишиња и стаклена амбалажа, да не се пали отпад, да не се фрлаат догопчиња и отпушоци од цигари, да се коси и отстранува сувата трева, а земјоделската механизација да биде технички исправна со технички средства за почетно гаснење на пожар – се наведува во препораката од ДЗС.
Во случај на појава на пожар надлежните советуваат да се побара помош и да се пријави на телефоните 192 Полиција, 193 Противпожарна единица и 195 Регионален центар за управување со кризи.