Освен на македонски и албански јазик, локалната самоуправа ќе го промовира туристичкиот потенцијал на градот и на српски и ромски јазик преку проектот „Visit Kumanovo”. Така одлучија советниците на 68-та седница на Советот на Општина Куманово.
Плодна дебата развија советниците за оваа точка и дадоа различни мислења за тоа како градот да привлече повеќе туристи. Додека етничките заедници бараа флаерите и промотивниот материјал да биде испечатен и на другите јазици.