Проектот за новото училиште кое ќе биде во рамките на ООУ “Гоце Делчев” Конче е завршен и се очекуват последните дозволи за реализација на проектот, информира градоначалникот на општина Конче, Благој Илиев.
„Станува збор за изградба на нова училишна зграда од страна на ТИКА кое ќе функционира во склоп на ООУ “Гоце Делчев” во с.Конче. Училишната зграда ќе биде лоцирана на местото каде што моментално е стариот интернат и кој е во катастрофална лоша состојба. Овој објект освен што е неупотреблив, тој е и небезбеден и претставува опасност за децата од училиштето. По новиот образовен систем кои децата го следат и е до 9-то одделение, капацитетот на училиштето максимално е искористен и затоа имаме потреба од ваков вид на објект во кој покрај нови училници и кабинети ќе има и современа библиотека,“ вели градоначалникот Илиев.
Општината за изградба на овој објект веќе ги има обезбедено сите дозволи кои се во нејзина надлежност а направено е и потребното сеизмолошки истражувања на локацијата.
„Заедно со ТИКА сметаме дека децата се нашата иднина и ги заслужуват најсовремените услови во образованието и нивниот развој. Сакам да му се заблагодарам како на претходниот координатор на ТИКА Ајтекин Ајден така и на моменталниот координатор на ТИКА г-дин Омер Халим Сојут за нивниот труд за реализација на овој огромен проект,“ додава Илиев.