Партерно уредување на „Кејот 13 Ноември“ најави градоначалникот на Град СКопје, Петре Шилегов, со што се предвидува целосно партерно уредување од 12.500 метри квадратни.
„Наша цел е да ослободиме повеќе место за пешаците и велосипедистите преку целосно спречување на можноста за нелегално паркирање, како и доволен простор за
бизнисите кои во најголем дел се угостителски објекти со повеќегодишна традиција.
Само за 4 месеци од сега кејот „13-ти Ноември“, нашата гордост ќе добие целосно ново уредување по сите светски стандарди, со надеж дека ќе го вратиме во неговиот полн сјај, а скопјани ќе го добијат тоа што со години им припаѓа“, напиша градоначалникот Шилегов на Фејсбук.
Тој сподели видео во кое може да се види како ќе изгледа „Кејот 13 Ноември“ по неговото уредување: