Колку повеќе слободен јаваен простор толку е полесно, безбедно и побрзо протокот на пешаци и велосипедисти низ градската гружва. Токму затоа Град Скопје пред неколку месеци работеше на ослободување на тротоарот кај Градски Ѕид блок 1, кој беше постојано окупиран со непрописно паркирани возила, билборди и останати реклами објекти. Денеска овој простор е целосно трансформиран во модерен тротоар направен по сите стандарди, со единствена цел полесно и попријатно движење на пешаците и велосипедистите.
Погледнете го видеото со „пред и потоа“ видео снимки.