Град Скопје заедно со ЈП Комунална хигиена секојдневно ја одржува хигиената на шест милиони м2 јавни и сообраќајни површини во главниот град. Главениот приоритет претставува заштитата на јавното здравје и хигиена во градот!
За таа цел набавени се нови специјални машини наменети за чистење и метење на тротоари и вело патеки, кои се дел од планираното големо обновување на возниот парк.
„Ни претстои набавка на уште 37 нови специјални комунални возила наменети за собирање и транспорт на комуналниот отпад. Кои ќе придонесат за поефикасно и поквалитетно одржување на хигиената во нашиот град. Продолжуваме со спроведување и на други акции за одржување на почиста и поздрава животна околина“, напиша градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на неговиот фејсбук.