Нови рефлектирачки столпчиња за физичко издвојување на новата вело патека и стеснување на просторот за автомобилите се поставени од двете страни на улицата „Кемал Сејфула“ во Чаир, информираат од Град Скопје.
„Рефлектирачките заштитни столпчиња овозможуваат подобра видливост и ја зголемуваат безбедноста на велосипедистите. По завршување на овие активности на улицата Кемал Сејфула, поставувањето рефлектирачки заштитни столпчиња ќе продолжи и во наредниот период во насока од улица Втора Македонска Бригада кон булеварот Босна и Херцеговина“, најавија од Град Скопје.
Фотографии: Град Скопје